Нов шпански прволигаш сака да го купи Барди


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Алмерија обезбеди место во шпанската Ла Лига, па летово мора да ја засилува екипата, а една од желбите на раководството е да го купи македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Шпански „АС“ објави дека Барди летово ќе го напушти Леванте, кој испадна од елитата, па како негова следна дестинација се споменува Алмерија.

Леванте се наоѓа во тешка финансиска состојба и мора наскоро да заработи 10 милиони евра, па трансферот на Барди би можел да им помогне во тоа.

Барди игра веќе пет години за Леванте, но сега е сè појасно дека ќе се разделат во текот на летото. Интерес постои и од други тимови, меѓу кои и Валенсија, но засега Алмерија се споменува како најсериозен кандидат.