Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид по 14. пат во историјата го освои трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ), откако славеше со минимални 1-0 против Ливерпул.
По крајот на мечот искусниот Тони Крос доби непријатно прашање од еден новинар, кој го праша дали е изненаден што неговата екипа страдала во дуелот против Ливерпул.
Германецот на тоа се изнервира и му кажа на новинарот повеќе да не поставува глупави прашања, а неколку дена подоцна 32-годишниот играч го прекина молкот.
„Бев изнервира и лут. Секако дека моравме да поминеме низ неколку фази на притисок. Тоа му го кажав и кога ми го постави прашањето. Но, тоа е нормално. Што да очекувате? Да доминираме 90 минути против Ливерпул? Тоа е екипа од светска класа. Често слушам дека незаслужено сме победиле. Баш ми е гајле, важно победивме“, кажа Крос.