Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мохамед Салах уште не постигна договор со Ливерпул за продолжување на соработката, а ако не пронајде решение наскоро, тогаш ќе засили некој од ривалите во Премиерлигата.
„Атлетик“ објави загрижувачки вести за навивачите на Ливерпул, затоа што Салах веќе 12 месеци не може да постигне договор со раководството на премиерлигата.
Последниот состанок меѓу агентите на Салах и клубот беше одржан пред шест месеци, а тогаш беа далеку од договор, додека напредок не се очекува да биде постигнат ниту на следниот состанок.
Салах размислува да остане во Ливерпул до 2023 година, а потоа како слободен играч да го напушти клубот од „Енфилд“ доколку претходно не биде постигнат договор меѓу двете страни.
Египќанецот досега одигра 254 меча за Ливерпул, а притоа постигна 156 голови и може да се каже дека е една од најголемите легенди на тимот.