Роналдо направи шоу, а реакцијата од неговата мајка го обиколи светот (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Португалија во второто коло од Лигата на нации славеше со 4-0 против Швајцарија, а најдобар на теренот беше Кристијано Роналдо кој постигна два гола за неколку минути, а уште еден му беше поништен во второто полувреме.

На стадионот „Хозе Алваладе“ беше присутна и неговата мајка Марија Долорес дос Сантос Авеиро, која е позната по емотивните реакции кога нејзиниот син доминира на теренот.

И при првиот и при вториот гол мајката на Роналдо не можеше да ги запре емоциите, па почна да плаче, а на момент делуваше дека не може да земе ниту воздух од премногу возбуда.