Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку се договорил со Интер за личните услови, затоа што сака да се врати во Милано каде што играше со многу успех, а Челси може да го пушти на позајмица, но тоа нема да биде лесно.
Лукаку пристигна во Челси за 115 милиони евра минатото лето, но не ги оправда очекувањата на раководството и навивачите на премиерлигашот, а притоа се скара и со тренерот Томас Тухел.
Челси ќе им го врати Лукаку на Интер, но само ако италијанскиот вицешампион плати 20 милиони фунти за едногодишна позајмица со право на откуп на неговиот договор.
Премиерлигашот е подготвен да прифати и трансфер, но ќе мора да биде вклучен и некој фудбалери, меѓу кои се Думфрис, Шкрињар и Лаутаро Мартинез, па сега на потег е Интер.