Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ривалството на Манчестер јунајтед и Ливерпул трае со децении и тоа е едно од најголемите во светот, па трансфери меѓу овие тимови се речиси невозможни.
Само осум фудбалери ги замениле дресовите на гигантите, а последен беше Фил Чиснал во далечната 1964 година.
По 58 години, Алекс Окслејд-Чемберлен би можел да стане деветтиот играч кој ќе се реши за „невозможен“ потег и ќе се пресели од Ливерпул во Манчестер јунајтед.
Англиските медиуми пишуваат дека „ѓаволите“ нудат 10 милиони фунти за услугите на Чемберлен, а сакаат да го купат уште летово.
Поранешниот фудбалер на Арсенал и англиската репрезентација има желба да го напушти Ливерпул затоа што не добива минутажа кај тренерот Јирген Клоп.