Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид пред неколку дена го купи Орелиен Чуамени од Монако и така ги победи ривалите во битката за талентираниот фудбалер, а сега на ред е да се потпишат нови договори со останатите играчи на клубот.
„Марка“ пишува дека во следните 10 дена ќе падне нов важен потпис во Мадрид, а тоа е на Бразилецот Винисиус Жуниор, кој ги договорил деталите од новата соработка.
Навивачите на Реал Мадрид се во еуфорија затоа што Бразилецот нема да си замине, туку ќе остане во шпанскиот шампион до 2026 или 2027 година.
Актуелниот договор му завршуваше во 2024 година, но со новиот ќе добие трипати поголема плата, односно околу 10 милиони евра со бонуси, а откупната клаузула ќе биде зголемена на 350 милиони евра.