Лукаку ги навредил „сините“: Челси се обидува да го избрка од Лондон

Ромелу Лукаку минатото лето пристигна во Челси во трансфер вреден 100 милиони евра од Интер, но Белгиецот не ги оправда очекувањата.

Челси не планира да го задржи Лукаку и следната сезона затоа што не се задоволни од неговите услуги, а и самиот напаѓач побара да се врати во Интер.

Белгиецот сака да се врати во италијанскиот тим, но Интер нема доволно пари за позајмица и понуди само пет милиони евра, додека „сините“ сакаат двојно повеќе.

Наскоро се очекуваат нови преговори меѓу двете страни, па се шпекулира дека е можен договор меѓу Челси и Интер за позајмица од 10 милиони евра со обврска да биде откупен за 50 милиони евра следното лето.