Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Каталонскиот гигант Барселона остана со празни раце во битката за трофејот во АЦБ-лигата, откако загуби во финалето од Реал Мадрид.
Тренерот Шарунас Јаскевичиус ги критикуваше кошаркарите и кажа дека немаат карактер, по што се јави и најдобриот играч на Барселона, Никола Миротиќ, кој не му остана должен по неуспехот.
„Не се сложувам дека има недостаток на карактер, ние игравме како што ни кажа тренерот. Ќе разговараме и ќе дадеме предлог, па ќе видиме што ќе се случи. Да се биде прв во регуларниот дел од сезоната не вреди ништо. Не бевме во најдобра физичка форма, а немавме ниту самодоверба. Не игравме како што очекувавме. Кошаркарите на Реал доминираа, а ние не бевме подготвени да одговориме“, кажа Миротиќ.