Реал Мадрид сака ѕвезда на Челси, ама ќе мора да плати 150 милиони фунти!?


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Шпанскиот и европски гигант Реал Мадрид бара нови засилувања, а тренерот Карло Анчелоти покажа интерес за Рис Џејмс од Челси, но новиот газда на премиерлигашот, Тод Боели не се откажува толку лесно од одличниот фудбалер.

Реал Мадрид веќе го „украде“ Антонио Рудигер од Лондон, а Челси ќе го напушти и Андреас Кристенсен, па Боели не сака да дозволи уште еден дефанзивец да си замине од тимот.

„Кралевите“ ја испратиле првата понуда до „Стемфорд бриџ“ за Џејмс, но истата веднаш била одбиена од страна на новото раководство на тимот.

Газдата на Челси порачал дека ќе го продаде Џејмс, но за тоа Реал ќе мора да плати најмалку 150 милиони фунти, што во моментов делува нерално.