Михајловски: Ветуваа помош за Вардар, а на крајот – исчезнаа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар остана без учество во Лигата на шампиони (ЛШ), поради долговите на старото раководство на клубот, како што соопшти Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Првиот човек на клубот, Михајло Михајловски даде пофални зборови за Сергеј Самсоненко и неговите инвестиции, но кажа дека домашните институции не му помогнале, иако ветиле помош.

„Самсоненко заслужува почит за периодот додека го водеше Вардар, кога освои две европски титули. Јас како долгогодишен спонзор на Вардар прифатив да го спасиме клубот, а целта ни беше пласман во топ-16 во Европа и да освојуваме трофеи. Свесен сум дека ова е лошо време поради пандемијата, па кризата и војната. Сепак, имав ветувања дека нема да ме остават на цедило, а за возврат не добив помош“, кажа Михајловски.