Лампард не губи време: Евертон ќе се засили со ѕвезда на Јувентус


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англискиот премиерлигаш Евертон покажа интерес за ѕвездата на Јувентус, Адриен Рабио, кој не е задоволен во Торино и сака да си замине од Серија А.

Медиумите од Островот пишуваат дека тренерот на Евертон, Франк Лампард сака да го освежи средниот ред на екипата, па Рабио би бил вистински избор за него.

Доколку двете екипи постигнат договор, Рабио би станал второ засилување на клубот, откако претходно го ангажираа Џејмс Тарковски од Барнли.

Рабио е во Јувентус од 2019 година и досега за поранешниот италијански шампион одигра 94 меча, а притоа постигна пет голови, додека неговата пазарна вредност се проценува на 20 милиони евра.