Роналдо во Челси? Тухел јасно кажа што мисли за Португалецот


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо е на праг да го напушти Манчестер јунајтед и бара нов тим за следната сезона, а приоритет имаат екипите кои се дел од Лигата на шампиони (ЛШ).

Роналдо во претходните денови се поврзуваше со многу екипи, меѓу кои беа Баерн Минхен и Челси, а најпрво пристигна реакција од германскиот гигант кој објави дека не е заинтересиран.

По реакцијата од Минхен, стигна коментар и од тренерот на Челси, Томас Тухел кој кажал дека не го сака Роналдо во неговиот тим, иако има потреба од нов голгетер по заминувањето на Ромелу Лукаку во Интер.

Роналдо има 37 години, но сè уште игра на врвно ниво и минатата сезона беше еден од најдобрите во Јунајтед.