Ливерпул ќе остане без важен играч: Фирмино прави неочекуван трансфер!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роберто Фирмино би можел да си замине од Ливерпул до крајот на летниот преоден рок, иако веќе за премиерлигашот игра седум години.

Фирмино нема да биде прв избор оваа сезона на тренерот Јирген Клоп и поради тоа би можел да си замине од клубот, а турските медиуми пишуваат дека 30-годишниот играч веќе почнал преговори со Фенербахче.

Интересот на гигантот од Истанбул е голем и Фирмино би можел да направи неочекуван трансфер.

Бразилскиот фудбалер во претходните седум години со Ливерпул освои сè што можеше, а притоа одигра 327 меча и постигна 98 голови.