Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ се закити со 21. гренслем-титула во кариерата и сè уште е главна тема во светските медиуми, а легендарниот Џон Мекинро имаше само пофални зборови за Србинот.
Мекинро на промоцијата за неговиот докуменарец кажа дека не е во ред тоа што навивачите го исвиркуваат најдобриот српски тенисер.
„Медведев не заслужи свирежи, исто како и Ѓоковиќ. Сетете се, кога излегуваше на теренот, сите го исвиркуваа во Париз. Не мора да го сакате како Федерер или Надал, но тој е богатство за тенисот“, кажа Мекинро.
Ѓоковиќ, иако го освои Вимблдон, доживеа пад од три позиции на АТП-листата, па сега се наоѓа на седмото место.