Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Очигледно ниту супер-агентот Жорж Мендеш не е семоќен, иако се обидуваше Кристијано Роналдо да го продаде на Баерн Минхен, Барселона, Челси и уште неколку екипи.
Газдата на Челси, Тод Боели веќе договори две засилувања за „сините“, а се шпекулираше дека ќе тргне и по услугите на Португалецот, но тренерот Томас Тухел бил јасен.
Тухел не сака еден човек да му ја уништи атмосферата во тимот, па поради тоа смета дека Стерлинг е доволно добро засилување во моментов за екипата.
Роналдо имаше понуда од Саудиска Арабија, меѓутоа не сака да замине од Европа, па засега најреално сценарио е да остане во Манчестер јунајтед.
Па можеби ќе чека шанса за трансфер во јануари или следното лето.