Навивачите на Јунајтед не го сакаат Мегваер – пцовки и свирежи за капитенот! (Видео)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Хари Мегваер повторно е критикуван од навивачите на Манчестер јунајтед, кои не го сакаат повеќе во клубот поради неговите лоши настапи.

Најскапиот стопер во историјата, кој беше платен 87 милиони евра, а познат е по лошите потези и поради тоа беше пречекан од свирежи на пријателскиот меч против Кристал Палас.

Многумина бараа англискиот репрезентативец да остане без капитенска лента, но тоа нема да се случи, откако новиот тренер Ерик Тен Хаг донесе таква одлука.