Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рик Меки, еден од првите тренери на Серена и Венус Вилијамс, смета дека Шпанецот Карлос Алкараз го чека светла иднина.
Меки кажа дека Алкараз е комбинација од повеќе тенисери затоа што има различни карактеристики на неколку легенди.
„Алкараз е играч каков што се раѓа еднаш во генерација. Според мое мислење, тој е комбинација од Агаси, Федерер, ѓоковиќ и Надал. Знам дека звучи лудо, но ако избегне повреди, тогаш ќе стане најдобар во историјата“, кажа тренерот.
Алкараз има само 19 години и во моментов се наоѓа на шестата позиција во светот, а досега освои пет титули и играше две четвртфиналиња на гренслем-турнирите.