Искри на теренот меѓу Реал и Барселона: Рудигер и Араухо се „фатија за гуша“ (Видео)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Барселона славеше со 1-0 против Реал Мадрид во пријателски меч во Лас Вегас, а натпреварот го одбележа спектакуларниот погодок на Рафиња.

Иако немаше значење овој меч, сепак на теренот беа забележани искри меѓу фудбалерите, кои во финишот на првото полувреме се „фатија за гуша“.

Најжестоки беа Антонио Рудигер од Реал Мадрид и Роналд Араухо од Барселона, па мораа да интервенираат и останатите за да спречат поголем инцидент.