Крај на приказната: Тен Хаг не може да чека и испрати барање до управата за Роналдо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо пред две недели му кажа на раководството на Манчестер јунајтед дека сака да си замине од клубот и ќе ја прифати понудата која ќе биде добра за него.

Португалецот не се појави ниту на подготовките на англискиот клуб за новата сезона, па во моментов тренира сам и се надева дека ќе биде решен неговиот статус.

Меѓутоа, тренерот Ерик Тен Хаг нема повеќе нерви за да го трпи Роналдо, па испратил барање до раководството да не му дозволи на Поругалецот да се приклучи на екипата на подготовките затоа што ќе создаде само проблеми во соблекувалната.

„Ѓаволите“, наводно, се подготвени да се ослободат од Роналдо за кој интерес покажа Атлетико Мадрид, но во моментов нема конкретна понуда за неговите услуги.