Челси остана без Кунде, па сега сака да купи двајца фудбалери на Интер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Челси загуби уште една битка од Барселона, и тоа овој пат за Жил Кунде, па сега сака да ангажира двајца фудбалери на Интер.

Челси покажа интерес за Дензел Думфрис, откако пропадна шансата да го купи Кунде, а во пакет со него сака да го земе и Милан Шкрињар.

Интер побарал 40 милиони евра за Думфрис, па во моментов се водат преговори меѓу двата тима, по што наскоро ќе биде познато дали Челси повторно ќе остане со празни раце.

На листата со желби на премиерлигашот се наоѓа и талентираниот бек на Лајпциг, Норди Мукиеле, кој вреди околу 20 милиони евра.