Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона е многу активна во летниот преоден рок, па ангажираше неколку квалитетни засилувања, а најнов фудбалер на каталонскиот гигант е Жил Кунде од Севиља.
Каталонците ги добија потписите на Левандовски, Рафиња, Кеси и Кристенсен, а сега доаѓа и еден од најдобрите стопери во светот, за кој заинтересиран беше и Челси.
Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Барселона и Севиља се договориле и останува само потврда на трансферот.
Кунде од претходно ги имаше договорено условите со клубот, па Чави Ернандез ќе добие големо засилување во дефанзивата.
Барселона за неговиот трансфер ќе плати 50 милиони евра плус 10 милиони низ бонуси.