Мајами се откажа од Дурант?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кевин Дурант јавно призна дека сака да си замине од Бруклин нетс, па многу тимови покажаа интерес за неговите услуги, а и самиот кошаркар кажа дека сака да се пресели во Феникс или Мајами.

Меѓутоа, Феникс неодамна го продолжи договорот со Диандре Ејтон, а новинарот Шон Девени објави дека Мајами се откажал од ангажирање на одличниот кошаркар.

Мајами сака кошаркар кој ќе го крене квалитетот во екипата и ќе го дополни тимот кој е предводен од Џими Батлер, Бем Адебајо, Кајл Лаури и други.

Девени објави дека Мајами наводно му понудил размена на Бруклин, но екипата не била заинтересирана за такво нешто.

Дурант има 33 години и четиригодишен договор вреден 198 милиони долари.