Барди разговарал со Руни, но го одбил зашто сакал да игра во ЛШ!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди вчера го облече дресот на турскиот шампион Трабзонспор со кој ќе се обиде да избори место во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), но и да ја одбрани титулата во Турција.

Барди имал понуда и од неколку други екипи, меѓу кои и од САД, па легендарниот Вејн Руни лично го убедувал да потпише за Ди-Си јунајтед, но македонскиот фудбалер не сакал ниту да чуе.

Руни имал неколку средби со Барди, но тој го одбил и му кажал дека сака да игра во ЛШ следната сезона, па затоа Трабзонспор беше идеален избор за него.

Македонскиот фудбалер имал понуда и од грчки Олимпијакос, но не сакал да потпише за нив, иако клубовите се договориле за трансферот.

Да потсетиме, Трабзонспор ќе се бори против Копенхаген за место во групната фаза на ЛШ.