Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот фудбалер Антоан Гризман се врати во Атлетико Мадрид, откако имаше неуспешна авантура во Барселона, но на „Ванда Метрополитано“ не добива премногу шанса, а конечно тренерот Диего Симеоне откри зошто играчот седи на клупа.
Во договорот меѓу Барселона и Атлетико има клаузула според која гигантот од Мадрид ќе мора да го откупи Гризман ако одигра најмалку 45 минути на половина од натпреварите.
Атлетико во моментов балансира и не му дава премногу минутажа на Гризман затоа што не сака да плати 40 милиони евра за негов трансфер и тоа го призна Симеоне.
„Мислам дека сите кои ме познаваат знаат дека работам за доброто на клубот и така ќе остане“, кажа Симеоне и призна дека Гризман не добива шанса поради наредби од управата.