Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар денеска ангажира уште едно засилување, па така вечерва го промовира Владимир Жоглев, откако претходно потпиша договор и со Кире Маркоски.
Жоглев има 23 години, а игра на напаѓачка позиција и доаѓа од редовите на Тетекс, а во кариерата има настапувано уште за Осогово, Борец, Победа, Скопје и уште неколку екипи.
„Црвено-црните“ летово се засилија со неколку фудбалери, меѓу кои се Дарио Десниќ, Симеон Христов, Кристијано Николовски, Филип Јаневски и други.
Вардар по три кола во Втората лига има две победи и едно реми.