Официјално: Васоски пак ќе ја тренира Академија Пандев!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Академија Пандев го врати Александар Васоски на тренерската позиција, а тоа го потврди преку профилите на социјалните мрежи.

Васоски се враќа во струмичкиот прволигаш со кој имаше одлични сезони минатата сезона пред да си замине.

Поранешниот стратег на Вардар со Академија Пандев има 32 меча, при што запиша 16 победи, осум нерешени средби и исто толку порази.