Алегри: Ова не е доволно, на Јувентус му недостигаат пет стартери!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри често е критикуван во последниот период поради лошиот старт на сезоната.

Италијанецот во интервју за „Кориере дела Сера“ даде детална анализа за случувањата во тимот и кажа дека му недостигаат пет стартери кои се повредени.

„Жал ми е што се наоѓаме во ваква ситуација. И јас си поставувам прашања и ги анализирам грешките. Јувентус треба да изгледа поразлично од стартот. Ни недостигаат пет стартери поради повреди. Половина тим е повреден. Замислете што ќе се случеше со Интер и Милан ако се во иста позиција. Интер е најсилен во лигата, а Милан го има Леао“, вели Алегри.