Роналдо: Ќе ме гледате и на ЕП 2024


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо на крајот на годината ќе настапи за неговата репрезентација на Светското првенство (СП) во Катар.

Роналдо има 38 години и многумина сметаа дека тоа ќе биде последно големо натпреварување за Португалецот, но тој смета дека може да игра на врвно ниво уште неколку години.

Ѕвездата на Манчестер јунајтед кажа дека не планира да се повлече од репрезентацијата и сака да игра на Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

„Моето патување сè уште не е завршено. Ќе бидам дел од Мундијалот, а сакам да играм и на ЕП. Ќе ме гледате уште некое време“, кажа Роналдо.

Португалецот за репрезентацијата одигра 189 меча и постигна 117 голови.