Милевски: Горд сум на нашата игра, но заслуживме повеќе


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот селектор Боби Милевски кажа дека е горд на неговите избраници, иако загубија на гостувањето кај Грузија со 0-2.

Македонија беше поразена по вторпат од Грузија, па ги загуби шансите за првата позиција во групната фаза на Лигата на нации.

„Сакам да ѝ честитам на Грузија за првото место и пласманот во бараж. Горд сум на нашите момци како одиграа. Доминиравме 90 минути и заслуживме многу повеќе. Грешките се составен дел од спортот и секој треба да работи на психолошката подготвеност пред да дојде на собир со репрезентацијата“, кажа Милевски.

Селекторот, исто така, смета дека требало фудбалерите да бидат поконкретни во завршницата.