Ирвинг: Останав без 100 милиони евра зашто не се вакцинирав!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, Кајри Ирвинг пропушти повеќе од половина од минатата сезона, затоа што одби да се вакцинира против ковид-19.

Во разговор со американските медиуми Ирвинг откри дека поради неговата одлука загубил неверојатни 100 милиони долари.

Кајри првиот меч пред домашните навивачи го одигра на 27 март, дури кога ги укинаа мерките против ковид-19.

„Решив дека нема да се вакцинирам и останав без четиригодишен договор вреден 100 милиони евра“, кажа Ирвинг.

Ирвинг ова лето беше на праг да го напушти тимот и се бараше решение за неговата иднина, но сепак тоа не се случи.