Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека германскиот фудбалер Тони Крос би можел да се повлече на крајот на сезоната, откако ќе му заврши договорот со Реал Мадрид во јуни 2023 година.
Иако раководството на „кралевите“ се труди да го задржи во клубот, сепак Германецот размислува поинаку, односно не планира повеќе да игра фудбал.
Германецот повеќе пати кажа дека физички и психички е исцрпен и планира да замине во пензија кога ќе знае дека повеќе нема да може да игра на врвно ниво.
Крос не сака да донесе конечна одлука во следните месеци, туку тоа планира да го направи пред крајот на договорот со шпанскиот шампионат.
Во секој случај, Реал има обезбедена иднина затоа што веќе во тимот ги има Чуамени, Себаљос, Камавинга и Валверде, а наскоро најверојатно ќе пристигне и Белингам.