Милан ќе добие бесплатно засилување од Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот шампион Милан е заинтересиран за услугите на Дани Себаљос од Реал Мадрид, кој има договор со шпанскиот гигант до крајот на сезоната.

Себаљос нема намера да го продолжи договорот со „кралевите“, па се очекува од следното лето да биде слободен играч, а Милан делува како идеална дестинација за него.

Тренерот Стефано Пиоли е заинтересиран за Себаљос, а директорот Паоло Малдини наскоро ќе почне преговори со агентите на фудбалерот и сака уште во јануари да потпишат соработка.

Себаљос претходно играше на позајмица во Арсенал, по што се врати во Мадрид, но не доби шанса во тимот на Карло Анчелоти и затоа среќата ќе си ја бара на друго место.