Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона должи околу 150 милиони евра на пет екипи, и тоа Јувентус, Ајакс, Манчестер сити, Ливерпул и Гремио.
Барселона во следниот период треба да исплати 150 милиони евра за играчи кои ги купиле во претходните години, а најмногу му должат на Манчестер сити, односно 52 милиони евра за Феран Торес.
Каталонците ќе треба да му платат на Ајакс околу 42 милиони евра за Френки Де Јонг и Сержињо Дест, а Јувентус чека 36 милиони евра за Миралем Пјанич.
Ливерпул чека околу 14 милиони евра за трансферот на Фелипе Кутињо, додека Барселона на Гремио му должи околу 7,5 милиони евра за Артур Мело.