Алкараз го провоцира Ѓоковиќ пред можниот дуел во Астана: Надал е најдобар во историјата!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најдобриот тенисер на АТП-листата, Карлос Алкараз ја почна својата четврта недела на првата позиција, а зад него следи Рафаел Надал, кој успеа да го надмине Каспер Руд.

Алкараз е горд на тоа што двајца Шпанци се на врвот на АТП-листата, па поради тоа испрати провокација до српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Двајца Шпанци на врвот на ранг-листата. Горд сум што го делам овој момент со Надал, кој е најдобар играч во историјата“, напиша Алкараз.

Надал во моментов има 22 гренслем-титули и по тој податок е подобар од Ѓоковиќ, кој има 21 гренслем-титула, но ќе следи уште многу голема битка за тоа кој е најдобар во историјата на тенисот.