Алкараз го провоцираше Ѓоковиќ, па доби понижување на стартот во Астана

Првиот тенисер во светот, Карлос Алкараз загуби на стартот на турнирот во Астана, откако од него беше подобар Давид Гофан со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-3.

Шпанецот добро го отвори мечот и имаше водство од 2-1, но Белгиецот освои четири гема по ред и стигна до 5-2. Алкараз не се предаваше и успеа да израмни, но сепак завршницата му припадна на Гофан.

Во вториот сет беше забележана доминација на Гофан, кој по 1-1 успеа да врзе четири гема и така стигна до големи 5-1, а Алкараз успеа да врати само еден брејк и загуби со 3-6.

Ова беше лекција за младиот шпански тенисер, кој пред почетокот на турнирот го провоцираше Новак Ѓоковиќ со коментарот дека Рафаел Надал е најдобар во историјата.