Алкараз му се „силеше“ на Ѓоковиќ, па почна да наоѓа изговори за срамот во Астана


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најдобриот тенисер на АТП-листата, Карлос Алкараз испадна во првото коло на турнирот во Астана, откако беше поразен од Давид Гофан со 0-2 во сетови.

Гофан влезе на турнирот како „среќен губитник“ и со 7-5 и 6-3 му одржа лекција на младиот шпански тенисер, кој пред почетокот на турнирот го „пецна“ Новак Ѓоковиќ со изјавата дека Рафаел Надал бил најдобар играч во историјата.

„Ова не е добар резултат за мене, но мора да продолжам со работа. Морам да научам нешто од ваквите натпревари, но сепак подлогата на теренот беше многу бавна и не можев да се прилагодам“, вели Алкараз.