Гвардиола даде коментар за клаузулата за Реал Мадрид во договорот на Халанд

Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд повторно го импресионираше светот откако вчера постигна два гола во Лигата на шампиони (ЛШ).

Во последните денови се појавија шпекулации дека Халанд сè уште е на листата со желби на Реал Мадрид и наводно има клаузула со која може да го напушти Сити по две сезони.

Гвардиола ги демантираше шпекулациите и кажа дека Халанд нема никакви клаузули во неговиот договор.

„Нема клаузула во договорот на Халанд за преселба во Реал Мадрид. Тоа не е вистина. Сигурен сум дека е пресреќен во Манчестер сити и ќе остане кај нас“, вели Гвардиола.

Халанд постигна неверојатни 19 гола во дресот на „граѓаните“ од стартот на сезоната во сите натпреварувања.