Тепачка во Аргентина: Меч на Бока прекинат поради судир на навивачите и полицијата, има и жртви! (Видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Натпреварот на Бока јуниорс и Химназија беше прекинат поради инцидент меѓу навивачите и полицијата, а аргентинските медиуми пишуваат дека има и жртви по хаосот кој се случи на стадионот.

Нередите почнаа уште пред почетокот на натпреварот, а за време на дуелот мораше да интервенира полицијата, по што се создаде уште посериозен проблем.

Судијата го прекина натпреварот, а полицијата употреби солзавец за да ги избрка навивачите и да ги смири тензиите, но тоа го немаше посакуваниот ефект, па едно лице е пријавено како загинато.

Министерот за безбедност објави дека едно лице е загинато, а точната бројка на жртви во моментов не е позната.