Голот на Тричковски не беше доволен: Асистенција на Алиоски за победа на Фенербахче (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Двајцата македонски фудбалери Иван Тричквоски и Езгјан Алиоски имаа одлични настапи за нивните тимови кои се соочија во четвртото коло од Лига Европа, при што Фенербахче славеше на гостувањето кај АЕК Ларнака со 2-1.

Алиоски му асистираше на неговиот колега Жоао Педро, кој не згреши во казнениот простор и погоди за предност од 1-0 на Фенербахче.

Тричковски во вториот дел го врати тимот на АЕК во игра со гол од пенал во 52. минута, но домаќините не стигнаа до пресврт, па за тоа ги казни Батшуаи од пенал во завршницата, кога погоди за 2-1.

Фенербахче имаше уште еден пенал до крајот на мечот, но сепак Валенсија не успеа да го реализира, иако тоа не влијаеше на победата.