Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Викендов продолжуваат возбудувањата во Премиерлигата, а следи дерби меѓу Манчестер сити и Ливерпул во кој „граѓаните“ влегуваат како фаворити поради тоа што се во одлична форма.
Ливерпул сезонава освои само 10 бодови во англискиот шампионат и не делува како екипа која може да се бори за титулата, а тоа го кажа и тренерот Јирген Клоп.
Меѓутоа, и покрај тоа што Клоп се откажа од трката за трофејот, сепак Пеп Гвардиола смета дека Ливерпул им е главен кандидат за титулата.
„Ливерпул секогаш е фаворит. Знам дека имаат голем квалитет. Ако бевме 10 кола пред крајот ќе кажев дека не можат да нè стигнат, но во ваква ситуација, сè е поинаку бидејќи патот е долг“, вели Гвардиола.