Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот репрезентативец Тони Крос даде интервју за еден магазин во кој зборуваше за различни теми, а притоа откри дека има еден интересен ритуал.
Фудбалерот на Реал Мадрид инсистира на една работа на секој натпревар.
„Не сум суеверен и не размислувам со која нога ќе влезам на теренот. Сепак, морам да носам фластер на прстот на кој ми стои прстенот затоа што не можам да играм без него“, вели Крос.
Германецот, исто така, ја искористи можноста да разговара за правилата и кажа дека треба да се смислат други казни за задржување на време.
„Мислам дека судиите треба да ги исклучуваат фудбалерите по пет минути наместо да им даваат жолт картон“, кажа Германецот.