Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличен натпревар одиграа Ливерпул и Манчестер сити на „Енфилд“, при што славеше домашниот тим со 1-0 во 11. коло од англиската Премиерлига.
Натпреварот кој привлече големо внимание почна со неколку шанси на двете страни, но сепак не беа искористени, по што првиот гол падна во 53. минута преку Фил Фоден, но истиот беше поништен по прегледување на ВАР-снимката.
Голот за победа на Ливерпул го постигна Мохамед Салах, кој доби одлична асистенција од Алисон Бекер, по што голема грешка направи и Жоао Кансело.
Манчестер сити по овој пораз остана на четири бода зад лидерот Арсенал, додека Ливерпул со новата победа се искачи на осмото место.