Неверојатно: Голман во Португалија постигна гол од 90 метри! (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Голманот на Феиренсе Артур Да Силва успеа да постигне неверојатен гол против Мореиренсе (1-2) во мечот од втората лига на Португалија.

Мореиренсе прв постигна гол за водство во деветтата минута, по што Да Силва погоди од 90 метри за 1-1.

Топката незгодно скокна пред казнениот простор на противникот и заврши во мрежата на гостите, но сепак ривалот стрелаше до крајот преку Педро за 2-1.