Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ сè уште се рехабилитира од повредата на коленото и чека да се врати на теренот во дресот на Милан, но во меѓувреме реши да сними неколку реклами.
Ветеранот сними реклама за шведската компанија „H&M“, а во главна улога беше и легендарната американска актерка Џејн Фонда.
Овие две ѕвезди ја претставија новата колекција, а Ибрахимовиќ ги следеше инструкциите на Фонда во рекламата, по што доби урнебесен коментар.
„Не е лошо за човек на твои години“, кажа Фонда во еден момент од видеото.