Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го предводеше Денвер нагетс до победа од 128-123 против Голден Стејт вориорс.
Јокиќ беше најдобар на теренот со трипл-дабл, односно постигна 26 поени, 12 скокови и 10 асистенции.
Иако воините неколку пати во завршницата се вратија резултатски, сепак Денвер успеа да слави и да ја запише првата победа оваа сезона.
За победата на Денвер најмногу помогна Јокиќ кој стигна до 77. трипл-дабл во кариерата, па му недостигаат ште три за да се израмни на вечната листа со легендарниот Вилт Чемберлејн.
Најдобар во екипата на Голден Стејт беше Стеф Кари со 34 поени, а Ендру Вигинс запиша 23 поени, но тоа не беше доволно за позитивен резултат на шампионот.
O ARREMESSO QUE O JOKIC MATOU NA CARA DO DRAYMOND GREEN
— NBA do Povo 🏀🇧🇷 (@NBAdoPovo) October 22, 2022
pic.twitter.com/LIZ2QbCIag