Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид во вторник од 21 часот игра против Лајпциг во петтото коло од Лигата на шампиони, а на прес-конференцијата тренерот Карло Анчелоти во свој стил кажа како го доживува стравот кај фудбалерите од повреди пред Мундијалот во Катар.
„Кралевите“ се во одлична форма, па во Германија доаѓа како фаворит и им недостига само еден бод за да обезбедат пласман во нокаут-фазата.
Анчелоти беше јасен на прес-конференцијата и даде одговор на прашањето на еден новинар за повредите на фудбалерите.
„Страв од повреди? Па тие се дел од спортот. Ако не сакаш да се повредиш, остани дома на кревет. Тие што се плашат, нека седат дома и нека гледаат филмови и серии“, вели Анчелоти.