Ништо не е исто без Меси во Барселона, а овој податок го покажува тоа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот фудбал доживеа голема шлаканица во Лигата на шампиони (ЛШ) затоа што дури три тима испаднаа од групната фаза, а тоа се Севилја, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Барселона за првпат од крајот на 90-те години на минатиот век две сезони по ред не ја минува групната фаза во ЛШ, а исто така за првпат од 2005 година нема да биде дел од нокаут-фазата.

Интересно е тоа што додека Лионел Меси го носеше дресот на Барселона, тимот од Каталонија никогаш не испадна од елитното натпреварување во рана фаза.

Меси минатата година си замина од Барселона како слободен играч во солзи и потпиша за ПСЖ, каде што оваа сезона му оди одлично и досега на 16 настапи постигна 11 голови и 12 асистенции за францускиот првак.