Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најтрофејниот македонски клуб Вардар го доби дербито против Воска Спорт со 2-1 на стадионот „Железарница“ во Автокоманда и тоа ги однесе на врвот во Втората македонска лига.
Вардар до водство стигна преку Дарио Десниќ во 18. минута од натпреварот, додека две минути подоцна Дарко Мицевски со еврогол погоди за 2-0.
Воска немаше решение за разиграните „црвено-црни“ кои доминираа на теренот во текот на целиот натпревар, но сепак Изаир Емини во финишот од мечот погоди од пенал за 1-2.
Вардар до крајот на натпреварот имаше уште неколку шанси, кои не успеа да ги искористи, но сепак двата гола во првото полувреме беа доволни за осма победа сезонава.
„Црвено-црните“ се лидери во Втората лига со 25 бодови, односно два повеќе од Воска.