Тен Хаг доби ново прашање за Роналдо, па им се налути на новинарите!

Кристијано Роналдо неодамна доби казна од тренерот Ерик Тен Хаг затоа што одби да игра против Тотенхем, поради што мораше да го пропушти натпреварот со Челси (1-1).

Тен Хаг се обидува да стави точка на таа тема, но новинарите не попуштаат и повторно го прашаа стратегот на Манчестер јунајтед да ја објасни ситуацијата со Роналдо.

„Доволно зборувавме за оваа тема. Мислам дека доволно ви објаснив. Среќни сме што е тука. Роналдо е важен играч за нас. Постигна гол во четвртокот и среќни сме поради тоа. Може да биде уште подобар“, кажа Тен Хаг.

Тренерот на Јунајтед претходно доби критики од легендарниот Пол Сколс кој застана на страна на Роналдо и кажа дека Португалецот треба да добива шанса во секој натпревар на „ѓаволите“.